Аморим: Ако клубот и навивачите го сакаат тоа, ќе си заминам од Манчестер јунајтед

Тотенхем е новиот освојувач на Лигата на Европа. Во финалето кое синоќа се одигра во Билбао, тимот на Анге Постекоглу го совлада Манчестер јунајтед со 1-0 и со тоа обезбеди пласман во Лигата на шампионите следната сезона.
Единствениот гол на натпреварот го постигна Бренан Џонсон во 42-рата минута.

По натпреварот, менаџерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, го сподели своето разочарување.

„Во моментов не сум тука да се бранам. Тоа не е мој стил. Ништо не им должам на навивачите – треба само малку повеќе верба. Ако управата и навивачите почувствуваат дека не сум вистинската личност, ќе си заминам следниот ден. Но нема да се откажам и да дадам оставка“, изјави Аморим.

„Имаше денови кога бевме навистина лоши. Ова не беше таков ден. Не бевме совршени, но секогаш сум искрен“, додаде тој.

Со триумфот во финалето на Лигата на Европа, Тотенхем не само што го освои својот прв европски трофеј по повеќе децении, туку и ќе настапува во елитната Лига на шампиони следната сезона, што е огромен успех за тимот на Постекоглу.

- Оглас -

Најнови вести