Аморим: Ако Рашфорд се промени, веднаш ќе го вратам во составот

Маркус Рашфорд треба да се промени за да се врати во тимот на Манчестер јунајтед, изјави менаџерот Рубен Аморим пред последниот натпревар од групната фаза на Лигата на Европа против романскиот ФЦСБ.

Англискиот напаѓач не одиграл ниту еден натпревар за Јунајтед од минатиот месец откако призна дека е подготвен за нов предизвик во својата кариера. Аморим изјави во неделата дека би претпочитал да го стави тренерот на голмани на клупата отколку играч што не дава сѐ од себе.

„Замислете талент како Рашфорд, нашиот тим треба да се однесува многу добро со него. Но, тој треба да се промени. Ако се промени, веднаш ќе го вклучиме во составот бидејќи ни е потребен. Но, во овој момент треба да поставиме некои стандарди. Ја чекаме неговата одлука, ако навистина го сака тоа”, коментираше менаџерот.

Аморим рече дека нема ништо лично против фудбалерот, кој има 287 натпревари во Премиер лигата за Манчестер јунајтед од 2015 година. Напаѓачот тренираше со своите соиграчи пред натпреварот со ФЦСБ, но повторно не е вклучен во составот од 21 играч.

„Треба да создадам исти правила за сите. Ние сме подобар тим со Рашфорд, тоа е јасно, но до соодветен момент нема да ја променам одлуката”, додаде тој.

- Оглас -

Најнови вести