Менаџерот на Манчестер jунајтед, Рубен Аморим, потврди дека Амад Диjало и Матајс де Лихт се враќаат во тимот за првиот полуфинален натпревар во Лига Европа против Атлетик Билбао, но нема да започнат како стартери. Двајцата ќе бидат во составот вечерва, но не се целосно подготвени за цел натпревар.
Аморим изјави дека победа во Лига Европа и пласман во Лигата на шампионите би имале огромно значење за клубот, иако тоа нема целосно да го спаси сезоната. Тој додаде дека пласманот може да има клучно влијание врз летниот трансфер период и иднината на клубот.
„Не знам зошто играме подобро во Лига Европа отколку во Премиер лигата. Можеби нема вистинско објаснување, но создававме шанси против Нотингем Форест, Волвс, Арсенал… Мораме да продолжиме да создаваме шанси“, изјави тој.
За ривалот Атлетик Билбао, тој има само пофални зборови.
„Тие се силни, агресивни, ја имаат најдобрата одбрана во Шпанија, а Нико Вилијамс е посебен играч. Не постигнуваме многу голови, така што ќе ни биде многу тешко“, истакна Рубен Аморим пред вечерашното гостување во Билбао.