-1.2 C
Skopje
вторник, 16 декември 2025

Аморим: Беше луд натпревар, а ние моравме да бидеме уште поефикасни

Рубен Аморим го коментираше ремито 4-4 на Манчестер jунајтед против Борнмут во натпреварот од 16-тото коло на англиската Премиер лига.

„Навистина е разочарувачки. Многу сме разочарани. Беше луд натпревар. Можеби изгледа дека загубивме два бода во второто полувреме, но мислам дека ги загубивме во првото. Доминиравме и создадовме многу шанси. Требаше да заминеме на пауза со поинаков резултат. На крајот заслуживме повеќе. Ова беше возбудлив натпревар за сите што го следеа од дома“, изјави Аморим.

Менаџерот на Манчестер јунајтед вели дека неговиот тим требало да биде поефикасен.

„Навивачите, особено на „Олд Трафорд“, сакаат да гледаат победи, но исто така сакаат да бидат инспирирани од добар фудбал. Во одредени моменти тоа добро го правевме. Беше добар натпревар, но мора да бидеме поефикасни бидејќи создадовме многу шанси. Ламенс одигра навистина добро. И двата тима имаа шанси, но ние создадовме повеќе. Мора да најдеме начин да ги затвораме натпреварите бидејќи ова ни се случува многупати. Ова е дел од процесот. Се обидуваме да дадеме сѐ од себе, но понекогаш тоа не е доволно“, изјави стратегот на Ѓаволите.

Инаку, загубените два бода го спречија Манчестер јунајтед да се искачи во топ 4 на табелата.

Сепак, Аморим и неговиот тим веќе четврти натпревар по ред немаат пораз во првенството.

- Оглас -

Најнови вести