Манчестер јунајтед ја заврши најлошата сезона во последните неколку децении, а според англиските мериуми, ќе има и големи промени во составот. Еден од оние за кои се верува дека го одиграл своето во Манчестер е Алехандро Гарначо.
Најавите се дека тренерот Рубен Аморим веќе воопшто не смета на услугите на Гарначо. На тимскиот состанок во Карингтон, Аморим му се обратил на 20-годишниот Гарначо со зборовите „Моли се на Бога да најдеш клуб кој ќе сака да потпише со тебе“.
Гарначо претходно јавно го изрази незадоволството затоа што не беше во стартниот состав во финалето од Лигата на Европа, меч на којшто играше само во последните 20-тина минути.
Revealed: Ruben Amorim’s BRUTAL message to Alejandro Garnacho as he kicks him out of Man United in team meeting https://t.co/Y0ZAd8zkmZ
— Mail Sport (@MailSport) May 27, 2025
За Гарначо интерес покажале екипите на Наполи и Челзи, а проценката е дека Манчестер од неговата продажба може да заработи до 80 милиони евра, пари кои му се повеќе од потребни на клубот кој воопшто нема да игра во европските купови во следната сезона и ќе загуби многу од планираните пари.