Манчестер јунајтед конечно доби еден дерби меч. На „Олд Трафорд“ со 2:1 го победија Челзи. Тренерот на Црвените ѓаволи, Рубен Аморим беше задоволен од победата, но потенцираше дека неговите играчи повторно прават грешки кои може многу да ги чинат.
„Секоја победа е важна, особено во овој момент и против толку силен противник. Го започнавме натпреварот на вистински начин. Бевме многу агресивни. Црвениот картон на почетокот ни помогна да доминираме, но веќе ја презедовме контролата врз играта“, рече тренерот, кој беше разочаран затоа што неговиот тим малку фалеше да прокоцка предност од 2:0.
„Постигнавме два гола, а потоа се обидовме повторно да си ги искомплицираме животите. Секогаш е така со нас. Овој натпревар требаше да помине поинаку. Нашата публика, нашите навивачи, не бараат многу. Ако дадете сè од себе, тие ќе бидат зад вас. Тоа е нешто што нашите играчи треба да го разберат. За да ја освоиме публиката, само треба да трчаме, да се бориме и да се вклучиме во борба“, додаде тој, кој се надева дека неговиот тим сега ќе влезе во серија на триумфи.