Аморим е гневен: „Ние сме можеби НАЈЛОШИОТ тим во ИСТОРИЈАТА на Манчестер Јунајтед!

Манчестер јунајтед повторно ги разочара своите навивачи откако на „Олд Трафорд“ загуби со 1:3 од Брајтон. За Манчестер јунајтед ова е шести пораз во последните седум лигашки дуели со Брајтон па едноставно овој ривал станува баук за Црвените ѓаволи.

Тренерот на најтрофејниот клуб во англиското првенство, Рубен Аморим едноставно се чувствува немоќно, откако не успеа да го „разбуди“ тимот по неговото превземање пред околу два месеци. Манчестер јунајтед сега има дури 10 порази во 22 кола и со само 26 бодови е на 13 место на табелата. По поразот од Брајтон , Аморим беше многу разочаран и лут.

„Ние сме можеби НАЈЛОШИОТ тим во ИСТОРИЈАТА на Манчестер Јунајтед, мораме да го признаеме тоа. Ова е неприфатливо. Повторно загубивме дома, тоа е неприфатливо. Мора да го смениме тоа“, луто коментираше Аморим.

- Оглас -

Најнови вести