Аморим е вистински господин: 30-мина вработени од Јунајтед на негов трошок ќе патуваат на финалето од ЛЕ

Манчестер јунајтед во среда го игра најважниот натпревар за нив оваа сезона, финалето на Лигата на Европа во Билбао против Тотенхем. Сепак, раководството на клубот се одлучи на непопуларен чин и нема да ги покрие трошоците за билети и патување за вработените во клубот.

Но, затоа тука на сцена стапува тренерот на Црвените ѓаволи, Рубен Аморим, кој одлучил да ги покрие комплетните трошоци за 30-тина вработени, поголемиот дел од нив помошен персонал во првата екипа. Сите тие ќе патуваат на трошок на Португалецот во Билбао, на мечот кој може да им донесе не само трофеј, туку и учество во Лигата на шампионите следната сезона.

Португалскиот тренер се одлучил на ваков потег бидејќи голем дел од вработените не заработуваат доволно за да може да си дозволат патување во Шпанија, но и билет за мечот.

Колку за споредба, раководството на ПСЖ одлучи на сите 600 вработени да им ги покрие комплетните трошоци за финалето од Лигата на шампионите против Интер во Минхен.

- Оглас -

Најнови вести