5.8 C
Skopje
сабота, 27 декември 2025

Аморим е задоволен: Некогаш играме добро, а не победуваме, но сега беше обратно

Манчестер јунајтед минимално со 1:0 го победи Њукасл во меч на кој гостите на „Олд Трафорд“ доминираа, а трите бода ги освои домашниот тим. Со овој триумф Манчестер јунајтед стигна до 29 бодови и се израмни со Челзи и Ливерпул на табелата во англиското прбенство.

Прв пат во последните 10 кола, Манчестер јунајтед успеа да не прими гол во домашното првенство. Црвените ѓаволи имаа само 33,4 отсто посед на топка, но успеаа да се одбранат од дури 16 шута на Њукасл.

„Беше многу тешко. Во добар дел од мечот едноставно страдавме. Во првото полувреме игравме добро, но во второто полувреме мораше да се браниме. Имаше моменти кога се браневме и со шестмина во дефанзивната линија“, рече тренерот на Манчестер, Рубен Аморим.

Стратегот на Манчестер е задоволен затоа што сепак на крајот најважно е да се освојат трите бодови.

„Има мечеви во кои игравме добро, но не освојувавме бодови. Денеска беше обратно, заедно страдавме на теренот, но на крајот ги освоивме трите бодови. Во такви моменти, најважно е екипата да остане сплотена“, задоволно коментираше Аморим.

- Оглас -

Најнови вести