Аморим ги подготви навивачите на Манчестер да очекуваат порази во Премиер лигата

Манчестер јунајтед направи неверојатен пресврт и со 5:4 го победи Олимпик Лион во меч кој траеше 120 минути. Англискиот гигант губеше со 2:4 до 114 минута, а потоа започна неверојатниот пресврт.

Од 114 до 120+1 минута, Манчестер јунајтед постигна три гола и на крајот победи за пласман во полуфиналето во Лига на Европа. Тренерот на Црвените ѓаволи, Рубен Аморим вели дека до крајот на сезоната, единствениот фокус ќе бидат настапите во Лига на Европа, затоа што тоа е единствена опција за спас на сезоната.

Во Премиер лигата, Манчестер ја игра најлошата сезона и моментално е на 14 место со 38 бодови. Аморим најави дека во следните неколку кола, планира во првенството да игра со младинците, додека играчите од првиот состав ќе бидат одморени за средбите во полуфиналето на Лига на Европа против Атлетик Билбао.

„Го гледав документарецот за финалето меѓу Манчестер јунајтед и Баерн Минхен во 1999 година, како би добил инспирација за вакви моменти. Ова беше голема ноќ за нас. Знам дека не играме добро и дека заслужуваме критики, но уште имаме шанса да направиме нешто посебно сезонава. Сега ќе се концентрираме на Лига на Европа и ќе ризикуваме со младинците во мечевите од Премиер лигата. Се надевам дека навивачите ќе имаат разбирање за тоа“, рече Аморим.

- Оглас -

Најнови вести