Аморим ги смирува фановите на Манчестер: Ќе дојдат подобри времиња

Манчестер јунајтед доживеа нов пораз на свој терен на „Олд Трафорд“ и тоа од Кристал палас со 0:2. По овој пораз, Манчестер јунајтед остана на 29 бодови и падна на 13 место, додека Кристал Палас сега има 30 бодови и се најде на 12 место на Премиер лигата, токму пред Манчестер јунајтед.

За најтрофејниот клуб во Премиер лигата ова е 11 пораз сезонава, а тренерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим вели дека во иднина едноставно мора да биде подобро.

„Резултатот е навистина лош, но игравме малку подобро во однос на претходните дуели. Ја контролиравме играта, но Кристал палас сепак успеа да постигне два гола. Нормално е навивачите да бидат разочарани по една вака лоша сезона, но тоа е фудбалот. Во еден момент работите ќе се променат. Веќе започнувае да се подготвуваме за следниот меч. Ќе дојдат подобри времиња за нас“, рече Аморим по поразот од Кристал палас.

- Оглас -

Најнови вести