Аморим го посакува Андриј Лунин на голот на Манчестер јунајтед

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, не е задоволен од изданијата на голманот Андре Онана и тој најверојатно ќе мора да си замине од „Олд Трафорд“ на крајот од сезоната. Португалскиот стратег најави дека ќе се обиде да го реконструира тимот кој очигледно во ваков терк не е подготвен за високи дострели во Премиер лигата.


Едно од главните засилувања треба да биде токму на голот.


Аморим ги сакал да го доведе голманот на Реал Мадрид, Андриј Лунин и тоа веќе им го соопштил на раководните луѓе на Манчестер јунајтед. Црвените ѓаволи се подготвени да испрати понуда од околу 40 милиони евра за ангажман на Украинецот.


Лунин е во втор план во Реал Мадрид покрај Тибо Куртоа, па сигурно дека сериозно би ја разгледал можноста да се пресели на „Олд Трафорд“.

- Оглас -

Најнови вести