27.8 C
Skopje
четврток, 7 август 2025

Аморим го сака Балеба на „Олд Трафорд“, но операцијата ќе чини 100 милиони евра

Манчестер jунајтед отпочнал прелиминарни контакти со Брајтон во обид да го доведе камерунскиот играч за врска Карлос Балеба, но засега клубот од јужниот брег на Англија не е подготвен да се раздели со својот 21-годишен талент.

Балеба за кратко време се етаблираше како еден од најперспективните централни играчи за врска во Премиер лигата, а според информациите, тој е заинтересиран за преговори со Манчестер јунајтед. Токму тој, заедно со напаѓачот Бењамин Шешко, се приоритети на менаџерот на Црвените ѓаволи, Рубен Аморим, за ова лето.

Сепак, Брајтон не планира да го пушти Балеба ова лето освен во случај на понуда која ќе надмине 100 милиони евра. Играчот има важечки договор до 2028 година, со можност за продолжување, што му дава на клубот цврста преговарачка позиција.

Манчестер јунајтед, од друга страна, се соочува со финансиски ограничувања и нема да може да го реализира трансферот без претходно да продаде неколку фудбалери кои не се дел од плановите на Рубен Аморим.

- Оглас -

Најнови вести