Кризата во Манчестер јунајтед не е само на резултатски план, туку и на финансиски. Црвените ѓаволи петта година по ред работат со загуба, а тоа беше причината и за отпуштањето на околу 450 вработени во клубот. Освен тоа, беше укинат и оброкот на сметка на клубот за сите, освен за фудбалерите.
Рубен Аморим прашан за мислење околу ваквата ситуација, индиректно ги обвини фудбалерите.
„Мораме да ги решиме сите проблеми на клубот, но има еден важен елемент и мораме да сфатиме како стигнавме до тука. Ова е поврзано со неуспехот на тимот бидејќи ние сме моторот на целиот клуб“, рече Аморим.
Неименуван извор од клубот за медиумите од Островот пренесува дека ваквата изјава предизвикала големо незадоволство помеѓу фудбалерите.
„Ако одите во базата на клубот, ќе добиете впечаток дека Аморим и фудбалерите добро се согласуваат. Но, вистината е дека се погодени, дека тие се обвинети за финансиските проблеми на клубот“, вели неименуваниот извор.