Аморим ја „отпиша“ ѕвездата од Манчестер: Попрво би го ставил тренерот на голманите во игра отколку него

Манчестер јунајтед минимално со 1:0 победи на гостувањето во Лондон против Фулам, а тренерот на Црвените ѓаволи, Рубен Аморим, и на овој меч воопшто не сметаше на Маркус Рашфорд. Некогашниот репрезентативец на Англија веќе неколку натпревари воопшто не е ниту на листата на играчи кои се резерви, а португалскиот стратег објасни дека играчите кои на тренинг не го даваат максимумот воопшто не може да бидат дел од англискиот гигант.

„Причината секогаш е иста. Причината е тренингот, начинот на којшто гледам што треба да работи фудбалерот. На тренингот, во животот, и тоа секој ден, секој детаљ. Значи, ако работите не се променат, јас нема да го променам мислењето. Иста е ситуацијата за секој играч. Ако работите максимално, ако ги работите вистинските работи, можеме да го истористиме секој играч. Попрво ќе го ставам во игра Витала (тренер на голманите), отколку играч кој не го дава максимумот, и тоа секој ден. Тоа сигурно нема да го променам“, рече Аморим по победата над Фулам.

Интересно е дека Витала, кој е тренер на голманите, има 63 години, па јасно е какво е мислењето на Аморим за Рашфорд. Се очекува напаѓачот на Манчестер до крајот на овој преоден рок да најде нов клуб затоа што во тимот од „Олд Трафорд“ речиси сигурно нема да биде во комбинација за настап.

- Оглас -

Најнови вести