Аморим: Кога губам, морам да бидам уште посилен

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, зборуваше по поразот на неговиот тим со 0-2 од Вулверхемптон во 18-тото коло на англиската Премиер лига.

„Секако, кога губите, кога не победувате, тоа е чекор назад. Ни беше тешко по исклучувањето. Примивме ист гол како и во натпреварот со Тотенхем. И тогаш се обидовме да се вратиме. Иако игравме со играч помалку, повторно се обидовме и мислам дека бевме блиску до позитивен резултат, но тогаш Вулверхемптон го постигна вториот гол. Направивме сè што можевме, но резултатот остана 0-2“, изјави Аморим.

Менаџерот изрази разочараност што втор натпревар по ред одбраната прави исти грешки.


„Тоа беше исто како натпреварот со Тотенхем. Истиот гол. Мислам дека Онана овојпат не успеа да стигне до топката. Се обидуваше да ја достигне, но некои од играчите дури не ја гледаа. Сепак, не сакам да се фокусирам на тоа. Добро е што бевме блиску до гол, дури и со десетмина.“

Аморим додаде дека поразите го прават посилен.

„Секогаш е истата причина. Мораме да бидеме исти професионалци, без разлика дали победуваме или губиме. Кога губам, морам да бидам уште посилен“, истакна предводникот на Манчестер јунајтед.

Со овој пораз Црвените ѓаволи се најдоа на 14-тото место на табелата, истата позиција на којашто беше тимот кога претходниот менаџер Ерик тен Хаг доби отказ.

- Оглас -

Најнови вести