Аморим: Критиките не ме интересираат

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, даде интересна изјава по уште еден пораз на неговиот тим во Премиер лигата. Црвените ѓаволи загубија со 1-4 на гостувањето кај Њукасл, а португалскиот стратег изјави по натпреварот дека критиките кон него и тимот не го интересираат.

„Направивме многу грешки. Њукасл беше тимот што ги освојуваше вторите топки и генерално беше подобар од нас. Направивме многу грешки, а кога правиш такви работи, многу е тешко да победиш“, изјави Аморим.

„Тешко ми е да посочам една работа што не функционираше. Многу е тешко да победиш против кој било топ тим кога правиш грешки и им помагаш да постигнат гол. Ги разбирам критиките кон нас, но тие не ме интересираат“, категоричен беше менаџерот на Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести