Манчестер јунајтед загуби со 4:3 на гостувањето кај Брентфорд во меч од Премиер лигата, со што само продолжи очајната сезона на 20-кратниот англиски првак. На ова гостување Манчестер јунајтед водеше со 1:0, но потоа прими дури четири гола, па во финишот на средбата Црвените ѓаволи со два погодоци стигнаа до минимален пораз од еден разлика.
По средбата, тренерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, уште еднаш истакна дека мора многу работи да се сменат во неговиот тим.
„Дуелот против Брентфорд целосно опиша каква е нашата сезона. Започнавме добро, ја контролиравме играта и дадовме гол за водство. Сепак, потоа се случи пад во играта. Фудбалерите мора да разберат дека такво нешто не смее да се случува. Цела сезона се повторува истото и затоа мора да има големи промени“, најави Аморим.