Неговиот тим оствари убедлива победа од 0-3 на „Сан Мамес“ против Атлетик Билбао, но Рубен Аморим не дозволи еуфорија да го завземе Манчестер Јунајтед. Португалскиот стратег ја анализираше првата полуфинална пресметка, јасно ставајќи до знаење дека финалето уште не е загарантирано.
„Резултатот изгледа совршено, но реалноста е дека натпреварот не почна добро за нас. Бевме колебливи, нервозни, дури и најискусните имаа тешкотии. Но таа клучна ситуација – пеналот и црвениот картон – го смени текот на мечот. Тоа ни ја олесни задачата“, искрено изјави Аморим.
Иако неговиот тим доминираше по таа пресвртница, тој не заборави да предупреди.
„Сè уште ништо не е решено. Слично сценарио може да се случи и на „Олд Трафорд“. Мора да останеме фокусирани“, дополни стратегот на Манчестер јунајтед.
Аморим, сепак, не заборави да ги истакне своите столбови во тимот.
„Кога имате играчи како Касемиро, Магваер и Бруно, секогаш има чувство на стабилност. Тие носат баланс и искуство што го диктира темпото на игра.“