Манчестер јунајтед и осми натпревар по ред остана без победата во Премиер лигата, нешто не се случило никогаш во историјата. „Црвените ѓаволи“ беа поразени со 1-0 на гостувањето кај Челзи, а Рубен Аморим вели дека немале среќа во Лондон, но и дека фокусот е на финалето од Лигата на Европа и мечот против Тотенхем во Билбао.
„Го започнавме добро натпреварот, но требаше да бидеме поагресивни во последната третина. И денес немавме среќа. Сакавме да постигнеме гол, но ни недостасуваше концентрација. Овој натпревар беше различен од претходните, но никогаш не е убаво кога ќе загубиш. Сега мора добро да се подготвиме, имаме пет дена до финалето и мора да одмориме, но и добро да се подготвиме. Два дена целосно ќе бидат за одмор, а следните две ќе се подготвуваме за мечот. Возбудени сме што ќе играме во финалето. Кога ќе стигнеш до финалето на некое натпреварување, тоа значи дека си се снашол добро на тој турнир.“ – рече тренерот на Манечстер јунајтед, Рубен Аморим, после поразот од Челзи.