Манчестер јунајтед што и да направи кого и да смени или доведе како тренер, резултатите се очајни. И по доаѓањето на Рубен Аморим, Црвените ѓаволи никако да мрднат од „мртва точка“, па денеска на „Олд Трафорд“ загубија убедливо со 0:3 од Борнмут.
Манчестер остана на 22 бодови и е на 13 место на табелата, додека Борнмут со 28 бодови се искачи на петото место на табелата. Во првото полувреме гостите поведоа, а на почетокот на вториот дел постигнаа уште два гола и ги решија сите дилеми околу победникот.
„Ако се погледнем мечот, противникот немаше ниту една шанса пред да го даде првиот гол. Потоа ние пропуштивме неколку шанси да израмниме. Потоа се случи пеналот и бевме многу нервозни. Мора да се фокусираме на работата, не само на еден момент“, рече разочараниот Аморим по поразот.
Борнмут и минатата сезона славеше со 3:0 на „Олд Трафорд“, па со оваа нова победа од 3:0 стана само вториот клуб кој успеал два пати по ред да го победи Манчестер јунајтед на гости со три или повеќе разлика.
Претходно тоа му успеало само на Барнли кога во 1961 година победил со 4:1, а следната 1962 година славел со 5:2 на теренот на Манчестер јунајтед.
3 – Bournemouth are just the second team to win consecutive league away games against Manchester United by 3+ goals (both 3-0), after Burnley in 1961 (4-1) and 1962 (5-2). Iraola. pic.twitter.com/EWPJExFdwA
— OptaJoe (@OptaJoe) December 22, 2024