8.8 C
Skopje
вторник, 21 октомври 2025

Аморим носи големо засилување за Јунајтед во јануари

Рубен Аморим конечно успеа да победи два натпревари по ред во Премиер лигата со Манчестер јунајтед и тоа веднаш ги зголеми амбициите на клубот. На „Олд Трафорд“ во јануари треба да пристигне ново големо засилување на кое инсистира токму Аморим.

Според англиските медиуми, ѕвездата на Спортинг Лисабон, Мортен Хјулманд, е главната цел на Манчестер јунајтед во зимскиот трансфер период во 2026 година.

Извори од Англија тврдат дека Аморим е голем фан на Хјулманд, со кого соработуваше во времето кога го предводеше Спортинг. Двајцата имаа одлична хемија во Португалија, а Данецот беше еден од клучните играчи во неговиот систем, заедно со Ѓокереш.

Во Јунајтед веруваат дека трансферот може да се реализира за околу 60 милиони евра, иако откупната клаузула на играчот изнесува 80 милиони. Клубот смета дека токму Аморим, преку своите добри односи со раководството на Спортинг, може да ја намали цената.

На списокот на желби на португалскиот стратег има уште четворица фудбалери: Адам Вортон од Кристал Палас, Карлос Балеба од Брајтон, Џоб Белингам од Борусија Дортмунд и Виктор Фрохолт од Порто.

- Оглас -

Најнови вести