Конечно насмевки на „Олд Трафорд“ откако Манчестер јунајтед забележа убедлива победа од 0-3 на гостински терен кај Лестер. За Црвените ѓаволи ова беше прва победа на гости по пауза од 50 дена.
„Одигравме добар натпревар. На моменти ни недостигаше енергија, но тимот го даде својот максимум. Некои играчи беа уморни, но мислам дека заслуживме да победиме. Ја контролиравме играта. Ова беше совршен крај на овие две недели. Паузата ќе ја искористиме да се одмориме. Тоа е добро. Чувството е поинакво. По паузата почнуваме одново“, рече Рубен Аморим по убедливата победа над Лестер.