Аморим одлучи: Санчо, Гарначо и Ентони си одат од Манчестер јунајтед

Менаџерот на Манчестер jунајтед, Рубен Аморим, донел одлука кои фудбалери немаат место во составот на Црвените ѓаволи. Според англиските медиуми, Маркус Рашфорд, Џејдон Санчо, Алехандро Гарначо и Ентони нема да бидат дел од тимот за претсезонската турнеја во САД.

Рашфорд беше испратен на позајмица во Астон Вила во јануари, а моментално бара трансфер во клуб што настапува во Лигата на шампионите, при што неговата желба е Барселона.


Санчо ја мина сезоната во Челзи, но неговиот постојан трансфер на „Стемфорд Бриџ“ пропадна.

Ентони беше дел од Бетис и прикажа одлични партии, па тимот од Севиља сака да го задржи, додека Јунајтед е подготвен да претрпи значителен финансиски губиток, откако го плати 100 милиони евра, за да го олесни неговото заминување. Гарначо, пак, не се вклопува во плановите на Рубен Аморим.

- Оглас -

Најнови вести