Манчестер јунајтед ги прави последните подготовки пред финалето во Лигата на Европа. Црвените ѓаволи ќе играат против англискиот ривал Тотенхем, а влогот е голем затоа што победникот ќе обезбеди место во Лигата на шампионите за следната сезона.
Ако не се гледа успехот во Лигата на Европа, Манчестер јунајтед ја има најлошата сезона во историјата на Премиер лигата. Тренерот Рубен Аморим дојде на чело на екипата на 1 ноември и во 26 меча како предводник во англиското првенство, тимот освои само 24 бода.
Иако резултатите во домашното првенство се очајни, англиските медиуми пишуваат дека Аморим е сигурен дека ќе остане на клупата на Манчестер јунајтед и во следната сезона.