Аморим: Освојувањето на Лигата на Европа нема да ни ги реши проблемите, но ќе ни помогне да изградиме иднина

Манчестер јунајтед ја игра најлошата сезона во историјата на Премиер лигата, но и покрај тоа може да ја заврши со трофеј. Црвените ѓаволи во Билбо ќе играат во финалето на Лигата на Европа против Тотенхем.

Тренерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, вели дека сезоната нема да се промени дури и да се освои трофејот, но дека тоа е знак дека работите може да се сменат на подобро.

„Ништо нема да се смени сезонава, иако освојувањето на европска титула е многу важно и може да ни помогне да ја изградиме иднината. Ги правиме работите што треба да ги направиме. Кога бев во Спортинг, тој клуб нужно мораше да игра во Лигата на шампионите за да може да заработи и да ги задржи играчите. Во Манчестер јунајтед не е таков случајот. Нашиот клуб има приходи и без да игра во Лигата на шампионите и може да заработи затоа што има навивачи низ целиот свет и е светски бренд. Знам дека треба да промениме многу работи во нашиот клуб. Да го обновиме тимот, академијата. Многу работи треба да поправиме. Победата во финалето против Тотенхем ќе ни даде сила тоа да го направиме како што треба“, вели Аморим.

- Оглас -

Најнови вести