Манчестер јунајтед првпат по 2016 година победи на гостински терен кај Ливерпул во првенствен меч, а тренерот на „црвените ѓаволи“, Рубен Аморим, не го криеше задоволството од триумфот против големиот ривал.
„Мислам дека ова беше најголемата победа во мојот мандат во Манчестер Јунајтед. Во клучните моменти имавме среќа, но се боревме за секоја топка. Го изгубивме мирот во второто полувреме, но духот беше присутен, а тоа е најважно — ако имаш дух, можеш да победиш во секој натпревар. Оваа победа ќе ни даде поголема самодоверба во текот на неделата и радост на нашите навивачи — тие го заслужуваат тоа, и сè е во наши раце. Но, ова сега е минато, време е да погледнеме кон иднината и да се фокусираме на Брајтон.“ – рече Аморим по победата над Ливерпул.