Манчестер јунајтед ќе гостува кај Тотенхем во рамките од 25 коло на Прмеиер лигата, а тренерот Рубен Аморим имаше пофални зборови за тренерот на противничката екипа, Ангелос Постекоглу. Аморим додаде и тоа дека Манчестер јунајтед сепак е поголем клуб од Тотенхем, а Португалецот ги кажа и долгорочните планови што ги има со Црвените ѓаволи.
„Јас сум голем фан на Постекоглу. Сепак, со целото мое почитување кон него, јас сум тренер во поголем клуб, клуб кој има и поголеми амбиции. Нашиот фокус е да ја освиме титулата во Премиер лигата пред 2028 година. Верувам дека можам да променам многу работи во клубот во следните неколку години. Во овој момент сме во тешка позиција, но наша обврска е секој ден да работиме и да напредуваме со ситни, но сигурни чекори“, рече Аморим.
По 24 кола во Премиер лигата, Манчестер јунајтед е на 13 место на табелата со само 29 одиграни бодови. Нивниот следен ривал, Тотенхем е веднаш зад нив со 27 бодови. Овие две екипи се далеку зад лидерот Ливерпул кој има 57 бодови.
Последната титула што Манчестер јунајтед ја освои во Прмеиер лигата е во 2013 година кога уште на тренерската позиција беше легендарниот Сер Алекс Фергусон.