4.8 C
Skopje
петок, 28 ноември 2025

Аморим подготвил „чистка“ на 11 фудбалери, дури и на една недопирлива ѕвезда

Манчестер јунајтед наводно е подготвен да се раздели со дури 11 фудбалери кои тренерот Рубен Аморим веќе ги отпишал, што најавува големи промени во составот.

Серијата од петте мечеви без пораз беше прекината во понеделник навечер, кога Јунајтед загуби на „Олд Трафорд“ од Евертон со 0-1. Иако Идриса Гeј доби црвен картон поради удар врз соиграчот Мајкл Кин во првото полувреме, фантастичниот гол на Дузбери-Хол им донесе победа на Карамелите.

Навивачите на Јунајтед ги пречекаа своите играчи со свирежи поради разочарувачката игра и поразот. Клубот моментално е на десеттото место во Премиер лигата, а според ситуацијата, се очекуваат големи реконструкции на тимот.

Јунајтед планира да го освежи средниот ред во 2026 година, а потребниот буџет може да се обезбеди преку продажба на повеќе фудбалери. Аморим ги има на врвот на својата листа Адам Вортон и Елиот Андерсон, како и Карлос Балеба од Брајтон.

Во клубот владее неизвесност околу иднината на капитенот Бруно Фернандеш и тинејџерот Коби Мејну. Се шпекулира дека Бруно може да си замине следната година, а Јунајтед би заработил околу 65 милиони евра. Португалецот порано изјави дека конечната одлука ќе ја донесе дури по завршувањето на Мундијалот следното лето.

Освен засилување на средниот ред, клубот разгледува доведување на нов голман и фудбалер за крилните позиции.

На листата за продажба, покрај веќе споменатите, се наоѓаат и Мануел Угарте, Маркус Рашфорд, Расмус Хојлунд, Касемиро, Џејдон Санчо, Хари Мегваер, Алтај Бајиндир, Џошуа Зиркзе и Тајрел Маласија.

Дури и „недопирливиот“ Бруно Фернандеш не е сигурен, бидејќи Аморим е подготвен да го пушти ако стигне соодветна понуда.

Манчестер јунајтед викендов го очекува гостување кај Кристал Палас на „Селхрст парк“.

- Оглас -

Најнови вести