Аморим пред дербито со Ливерпул: Моите играчи се преплашени

Тренерот на Манчестер јунајтед Рубен Аморим изјави дека неговите играчи се преплашени во пресрет на дербито против Ливерпул, кое се игра денеска. Манчестер јунајтед и Ливерпул се двата најтрофејни клубови во Англија и тие мечеви секогаш биле посебно возбидливи и интересни.

Сепак, ако се гледа моменталната ситуација на табелата, Ливерпул е апсолутен фаворит за победа. Покрај тоа што ќе игра на својот „Енфилд роуд“, Ливерпул е лидер на табелата со 45 бодови, додека Манчестер е дури на 14 позиција со двојно помалку поени, односно само 22 бодови.

„На моето лице можете да видите како се чувствувам. Направете споредба каков бев кога дојдов во Манчестер и каков сум сега. Притисокот е голем. За мене прашање на гордост е да одиграме добро“, вели Аморим.

Манчестер јунајтед во период од 22 денекври до 30 декември загуби три пати и тоа од Борнмут дома со 0:3, Вулверхемптн на гости со 2:0 и од Њукасл дома со 0:2. Ако денеска загуби од Ливерпул тоа ќе биде четврти пораз во низа за Манчестер јунајтед што би бил најлоша низа во првенството од 1979 година. Ако Црвените ѓаволи загубат без да дадат гол, тогаш ќе направат еден негативен рекорд од четири порази без ниту еден постигнат гол, што не се случило од далечната 1909 година.

- Оглас -

Најнови вести