33.8 C
Skopje
недела, 3 август 2025

Аморим: Сакам да останам во Манчестер јунајтед уште 20 години!

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, ги откри своите планови да работи во клубот уште две децении.

„Мојата цел е да го водам Манчестер Јунајтед уште 20 години. Навистина верувам во тоа, тоа е мојата цел. Но, знаеме дека резултатите ќе одредат сè. Знам дека ја исцрпив целата доверба минатата сезона, но сега одиме напред. Чекав пет години за да го презземам овој клуб, не сакам да не успеам“, изјави Аморим за Би-Би-Си.

Аморим го презеде Јунајтед во ноември 2024 година од Спортинг Лисабон и имаше лоша сезона 2024/25, завршувајќи на 15-то место во Премиер лигата, но стигна до финалето на Лигата на Европа, каде што загуби од Тотенхем.

„Не беше толку важно како се враќав дома по натпреварите, туку како одев на нив. Знаев дека нè чека страдање. Тоа беше најтешкиот дел, чувството на претстојно разочарување. Чувствував како да сум ги разочарал луѓето. Минатата сезона сакав да направам многу промени, но немав време ниту можност. Знаев што мора да се промени, но во последните месеци фокусот беше на опстанокот и Лигата на Европа“, додаде Аморим, кој сега гледа светлина на крајот од тунелот.

- Оглас -

Најнови вести