12.8 C
Skopje
сабота, 4 октомври 2025

Аморим сам си се брани: Проблемот не е во мене

Со само седум освоени бодови од првите шест кола, Манчестер јунајтед покажува дека и оваа сезона ќе иде очаен. Црвените ѓаволи претходната сезона ја завршија дури на 15 место на табелата, а сега се 14-ти, што е само доказ дека нема некое подобрување во играта и резултатите.

Поради лошите резултати, постојано има притисок врз тренерот Рубен Аморим, а португалскиот стратег вели дека воопшто не размислива да си замине, затоа што тој не се чувствува како виновен за лошите резултати.

„Сакам да продолжам да работам тука. Да се ​​борам. Но, проблемот сега е што губиме натпревари – од тоа страдам, а не од мојата работа. Не станува збор за стравот од губење на работата. Не ми е гајле. Ви велам дека кога ќе заврши натпреварот и можете да ме видите, мојата работа не ме интересира. Оваа болка од непобедување на натпревари или неуспех. Тоа е она што најмногу ме боли“, вели Аморим.

Денеска на „Олд Трафорд“, Манчестер ќе го пречека Сандерленд, тим кој има само еден пораз во шесте дуели сезонава и е со одлична одбрана затоа што прими само четири гола и ја има третата најдобра дефанзивна линија во лигата.

- Оглас -

Најнови вести