Манчестер јунајтед од заминувањето на Алекс Фергусон, промени многу тренери, што е значителен контраст на 27-годишното владеење на легендарниот Шкотланѓанец. Рубен Аморим сега го води клубот, кој оваа сезона се наоѓа во средината на табелата во Премиер лигата.
Овој викенд тимот гостува кај Ипсвич. Во меѓувреме, како што се доближува зимскиот преоден рок, во фокусот на вниманието се најде името на Алфонсо Дејвис, фудбалер на Баерн Минхен, кој е голема желба на Реал Мадрид.
Манчестер јунајтед е подготвен да издвои повеќе средства од Баерн Минхен, но и од Реал Мадрид, со оглед на тоа што договорот на Канаѓанецот со германскиот клуб истекува следното лето. Оваа ситуација клубот сака да ја искористи во преговорите.
Реал веќе понуди сума во текот на летото, но трансферот не се реализира.
Алфонсо Дејвис оваа сезона забележа 15 настапи во сите натпреварувања, играјќи на позицијата лев бек.