Менаџерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, беше разочаран по поразот од 1-2 од Астон вила. Тој смета дека тимот незаслужено загубил бидејќи неговиот тим бил подобар на теренот, но важен е само резултатот кој се памети.
„Сите видоа дека ние бевме подобар тим. Дури и по повредата на Бруно продолживме да бидеме подобри и да уживаме во играта. Добро ја завршивме работата, но тоа никој нема да го памети бидејќи сè што е важно е резултатот. Тренирaвме за начинот на којшто сакавме да изгледаме, но мислам дека заслуживме повеќе“, изјави Аморим.
Повредата на Бруно Фернандеш е уште еден проблем со кој португалскиот стручњак треба да се справи во овој тежок период од сезоната.
„Секој сака да игра со играчи од Академијата, но јас едноставно сакам да победувам без да ја нарушувам самодовербата на младите играчи. Следниот натпревар ќе биде тежок, но треба да се подготвиме според групата што ја имаме. Сè друго би било изговор. Одиме во правилна насока“, додаде тој.
Аморим продолжи да зборува за повредата на Бруно Фернандеш и изрази надеж дека не е сериозна:
„Проблемот е во меките ткива, мислам дека ќе пропушти неколку натпревари, но не сум сигурен. Ќе видиме. Не сакам да зборувам за нешта што не можам да ги контролирам. Тој е играч кој секогаш е во форма, така што може добро да закрепне. Мислам дека Коби (Мејну) можеби ќе изостане (против Њукасл), Бруно исто така е надвор, па ќе видиме. Ќе најдеме решенија, нема изговори, треба да го победиме следниот натпревар и ќе се обидеме да го направиме тоа“, додаде менаџерот на Манчестер јунајтед.

