10.8 C
Skopje
петок, 7 ноември 2025

Аморим со пофалби за својот фудбалер: „Тој е генијалец!“

Манчестер јунајтед во пресрет на гостувањето кај Тотенхем има серија од четири натпревар без пораз, односно три победи и едно реми. Рубен Аморим на официјалната прес-конференција пред мечот зборуваше за ова тешко гостување, но посебно се осврна на Матеус Куња, кој летоска пристигна на „Олд Трафорд“ за сума од 74,2 милиони евра.

„Куња е генијалец кој прави работи кои се тешко да ги пронајдете кај некои други фудбалери. Тој игра со топка и има аура која може да влијае на противничките фудбалери, тоа е многу важно. Не се работи само за постигнување на голови, туку и за енергија и самодоверба која ја пренесува и на екипата. Играчите како него прават сите да веруваат дека може да направат нешто повеќе.

- Оглас -

Најнови вести