Аморим со порака до Тухел: Врати го Мегваер во англиската репрезентација!

Хари Мегваер заслужува повторно повик во репрезентацијата на Англија, изјави менаџерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим.

Искусниот 31-годишен дефанзивец има 64 настапи за европскиот вицешампион, не играше на ЕВРО 2024, а новиот селектор Томас Тухел, кој го замени Герет Саутгејт во октомври, следната недела ќе го објави составот на Англија за квалификациите за Светското првенство.

„Би бил среќен за Хари доколку добие повик во репрезентацијата. Тој секако го заслужува тоа. Тој е одлична личност, одличен фудбалер, вистински лидер, и знам дека може да помогне во репрезентацијата. Неговите перформанси во моментов се многу добри“, изјави Аморим.

- Оглас -

Најнови вести