Новиот менаџер на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, веќе ја „скенираше“ состојбата во тимот и има јасна претстава кои играчи се по негов вкус и би сакал да ги задржи, а кои не се и може да бидат продадени.
На „црната листа“ на Аморим се: Маркус Рашфорд, Антони и Кристијан Ериксен, а не би имал ништо против продажба и на Каземиро и Хари Мегваер.
Најголем приход би имале од продажба на Рашфорд, кој кога се појави, го сметаа за „чудо“ и „избраниот“, но не ги оправда големите очекувања и не го искористи потенцијалот. Неговиот договор со Црвените ѓаволи е до јуни 2028 и претставува голем трошок за клубот поради големата плата.
Од друга страна, на листата на играчи кои не се на продажба и Аморим ги смета за темел врз кој треба да се гради тимот, се наоѓаат Коби Мејно, Мазрауи, Дијало, Де Лихт, Јоро и уште неколкумина.