Аморим: Целта е да бидеме шампиони на Премиер лигата до 2028 година

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, на денешната прес-конференција во пресрет на натпреварот од Премиер лигата против Тотенхем, даде неколку изјави кои предизвикаа внимание и реакции.

Португалецот говореше за колегата Ангелос Постекоглу кој седи на клупата на Тотенхем, како и за долгорочните негови планови како менаџер на Јунајтед.

„Јас сум голем фан на Постекоглу. Со сета почит, јас сум во поголем клуб од него, со многу поголем притисок. Зборуваме за освојување на титулата до 2028 година, тоа е наш фокус, со тоа ќе можеме да промениме сè во следните неколку години. Во овој момент ние сме во тешка позиција, но должни сме да работиме секој ден и постојано да направиме мали чекори напред“, рече Аморим.

Манчестер јунајтед во моментов е на 13-то место во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести