Аморим уште пред три дена најави дека Манчестер ќе губи, Арсенал не се откажува од титулата (Видео)

Арсенал убедливо со 4:0 победи на гости кај Ипсвич, во меч од 33 коло на англиската Премиер лига. Со овој триумф Топчиите стигнаа до 66 бодови и сега повторно се на 10 негатива во однос на лидерот Ливерпул, кој го чека дуел против Лестер.

Уште во првите 30 минути Арсенал потврди зошто е фаворит и со головите на Тросар и Мартинели поведе со 2:0. Дополнителен проблем за Ипсвич беше црвениот картон на Дејвис во 32 минута.

Во второто полувреме Тросар повторно беше прецизен за 3:0 во 69 минута, а конечниот резултат од 4:0 го постави Нванери во 88 минута.

Манчестер јунајтед дома загуби од Вулверхемптон со 0:1, а единствениот гол за гостите го постигна Сарабија во 77 минута. Тренерот на Црвените ѓаволи, Рубен Аморим уште пред три дена најави дека неговиот тим се откажува од средбите во домашното првенство и дека целиот фокус сега е насочен на дуелите од Лига на Европа, каде ќе игра во полуфинале.

Во лондонската пресметка, Челзи со 2:1 го победи Фулам на „Кревин Котиџ“.

- Оглас -

Најнови вести