Манчестер јунајтед дојде до тешка победа од 0-1 на гостувањето кај Фулам со голот на Лисандро Мартинес, а тоа беше и подарок за 40-тиот роденден на тренерот Рубен Аморим. Португалецот по мечот се пошегува со новинарите, па имаше забелешка дека во Манчестер се чувствува како да има 50 години, а не 40.
„Не се чувствувам како да има 40…. 50 имам! По два месеца во Манчестер јунајтед се чувствувам како да имам 50 години. Привилегија е да го славам 40-тиот роденден тука. Играчите побараа слободен ден… и не им го дадов, ќе тренираат. Ќе работам затоа што тоа е подарок за мојот роденден, да работам со играчите. Ќе биде фантастично, ќе тренираме, а потоа ќе имам вечера со моите деца“, рече Аморим.