На талентираниот голман на Унион Берлин, Беркин Арсланогулари, мораше да му биде ампутира ногата откако пред неколку месеци му беше дијагностицирано дека има рак на коските.
Арсланогулари, кој има само 19 години, ги помина сите младински категории на тимот од Берлин, а за првиот тим на Унион дебитираше на 21 март оваа година, на пријателски дуел против Магдебург. Недолго по дебито, следуваа ужасни вести за тинејџерот. Лекарите му соопштија дека боледува од рак, па мораше веднаш да започне со хемотерапија.
Сепак, терапиите не помогнаа, па одлуката била да му биде ампутиран дел од ногата, до потколеницата за да се сопре непредвидливата болест.
Berkin braucht uns, Unioner ❤️🩹
Berkin Arslanogullari kämpft aktuell gegen Knochenkrebs – hier könnt ihr ihn und seine Familie unterstützen.#fcunion
— 1. FC Union Berlin (@fcunion) September 16, 2024
„Покрај сите обиди и примањето на хемотерапија, ракот не можеше да се победи. Ова беше неопходно за да му се спаси животот. Мораше да му биде ампутирана ногата“, се вели во соопштението на Унион Берлин.
Арсланогулари се огласи по операцијата и им се заблагодари на сите за поддршката.
„Веќе имам поминато многу препреки во животот и сега ќе се борам против оваа болест со сите средства кои ми се на располагање“, беше пораката што ја упати младиот голман.
Во Германија веќе е започната и хуманитарна акција за собирање пари за помош на Арсланогулари и неговото семјство во понатамошниот процес на лекување и рехабилитација.