Агенцијата за млади и спорт ги одбра најдобрите за 2022 година, а главните награди се за борачот Владимир Егоров и Оливера Наковска-Бикова, која ја радува Македонија со одлични резултати во стрелаштво.
Најдобра спортска федерација е ракометната, а спортот број 1 кај нас доби уште неколку награди.
За Великани на македонскиот спорт се прогласени двете големи живи легенди на мак-спортот, Кирил Лазаров и Горан Пандев.
Еве ги сите награди и наградени:
СПОРТИСТ НА ГОДИНАТА: Владимир Егоров (Борење)
СПОРТИСТКА НА ГОДИНАТА: Оливера Наковска-Бикова (Стрелаштво)
ВЕЛИКАНИ: Кирил Лазаров и Горан Пандев
НАЈУСПЕШНА ФЕДЕРАЦИЈА: Ракометна федерација на Македонија
НАЈУСПЕШЕН НАЦИОНАЛЕН МАШКИ ТИМ: Ракометна репрезентација на Македонија
НАЈУСПЕШЕН НАЦИОНАЛЕН ЖЕНСКИ ТИМ: Ракометна репрезентација на Македонија
НАЈДОБАР МЛАД СПОРТИСТ: Петар Арсовски (Бокс)
НАЈДОБРА МЛАД СПОРТИСТКА: Јадранка Темелкова (Кик-бокс)
ПОДВИГ НА ГОДИНАТА: Марко Пејчиновски (Пливање) и Харис Беќири (Еверестинг)
НАЈУСПЕШНА ЕКИПА ВО УНИВЕРЗИТЕТСКА КОНКУРЕНЦИЈА: Карате тим на Универзитетот „Кирил и Методиј“
НАЈУСПЕШЕН СПОРТСКИ КЛУБ ОД ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА: ОУ „Васил Главинов“ – Велес
НАЈУСПЕШЕН СПОРТСКИ КЛУБ ОД СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА: СОУ „Нико Нестор“ Струга.
НАЈДОБАР ТРЕНЕР: Дејан Митровски – Урко.