Најмодерниот фудбалски објект во Холандија, Амстердам Арена е подготвена за утрешниот меч од Европското првенство меѓу Македонија и Холандија. Иако се игра во Амстердам, Македонија официјално е во улога на домаќин.
Холандската влада не дозволи македонски навивачи да влезат во земјата за да ја бодрат нашата репрезентација, па на трибините сигурно нема да има наши фанови како што беше тоа на стадионот во Букурешт. Сепак, сигурно еден мал дел од македонските печалбари ќе бидат на трибините на „Амстердам арена“ која сигурно ќе биде „обоена“ во портокалово.
Организаторите обезбедија знаменца на сите дозволени места за седење на стадионот, па сигурно атмосферата на мечот ќе биде спектакуларна.