Со пласман на 105-тото место на трката на 10 километри во крос-контри, Ана Цветановска го заврши своето учество на Зимските олимписки игри во Милано Кортина.
Цветановска имаше стартен број 101 од вкупно 111 пријавени, а десетте километри ги мина за 31 минута, 32 секунди и 4 стотинки, што беше за 8,43 минути послабо време од најбрзата Фрида Карлсон од Шведска. И среброто го освои Швеѓанка, Еба Андерсон, додека трета беше Американката Џеси Дигинс.
Утре во истата оваа дисциплина, 10 километри, во машка конкуренција ќе настапи нашиот претставник Ставре Јада, кој веќе имаше учество на Игрите 2026 во спринт трката.

