Анадолу Ефес е новиот европски првак!

Екипата на Анадолу Ефес е новиот европски кошаркарски првак откако во финалетона Евролигата со 86:81 ја победи Барселона. За турскиот тим ова е историска прва титула во елитното натпреварување на Стариот Континент.

Проектот на Ефес за европскиот трон трае три сезони. Пред две години беше поразен во финалето, лани сезоната беше прекината поради корона-вирусот, а Ефес беше најдобар тим до тој момент, а сега дојде часот да се искачи на тронот.

Ефес лошо го започна финалето и на почетокот на втортата четвртина губеше со 10 разлика (25:15). Од тој момент, турскиот тим заигра многу подобро и со неверојатна серија од 21:4 стигна до водство од 36:29. Од тој момент, па до крајот на мечот Ефес во ниту еден момент не му дозволи на противникот да го преземе водството.

На неколку минути пред крајот, резултатот беше 72:72, но Ефес предводен од Василије Мициќ стигна до 83:76, предност која ја задржа до крајот и стигна до европскиот трон.

Мициќ даде вкупно 25 поени, од кои дури 21 ги постигна во второто полувреме. И Ларкин беше одличен кај Ефес и заврши со 21 поен, додека кај Барселона прв стрелец беше Хигинс со 23 поени, но тоа не беше доволно каталонскиот гигант да стигне до трофејот.

- Оглас -

Најнови вести