Анадолу Ефес има прилика со победа над Барселона, вечерва на свој терен, да се пласира на фајнал-форот во Евролигата, и турската кошарка да испише историја со тоа што првпат на еден Ф4 турнир да има две турски екипи. Од друга страна, може да има и два шпански тима на финалниот турнир кој се игра на шпанска територија, во Виторија, доколку Барса на својот рекорден 463-ти меч во Евролигата, го совлада Ефес во Истанбул.
Барселона последен пат на фајнал-фор учествуваше пред пет години, а Ефес пред 18. „Пиварите“ дома имаат 13-4, а против Барселона 2-1. Барса на гости има 7-10.
Традицијата на мајсторките во четвртфинале на Евролигата, го фаворизира домаќинот. Домашните секогаш победувале (9-0), и тоа во две третини од случаите, разликата била двоцифрена. Ефес верува дека со поддршката од публиката во „Синан Ердем дом“, конечно ќе дојде до својата прва победа во една мајсторка. Каталонците во мајсторките имаат скор 2-1.