Анадолу Ефес ја одбрани европската кошаркарска титула

Анадолу Ефес е старо-новиот кошаркарски првак, откако во неверојатно драматично финале, во Белград, со 58:57 го победи Реал Мадрид. Со оваа победа, турскиот тим ја одбрани круната освоена минатата година.

Уште од почетокот на мечот се виде дека ова ќе биде неизвесен дуел. Реал подобро отвори и поведе со 15:8, но по првите 10 минути водеше само со еден поен. Во втората четвртина повторно Реал имаше предност од седум разлика (31:24), а на полувреме Кралевите водеа со пет поени (34:29).

Највисоката предност Реал ја имаше во третата четвртин кога беше 40:31, но Ефес никако не сакаше да се предаде и во последните 10 минути се влезе со резултат 42:40 за шпанскиот тим.

Ефес по подолго време, поведе на почетокот на последната четвртина, но тимот од Истанбул немаше поголема предност од три поени. Во последните 30 секунди Ефес имаше водство од 58:57 и напад и турксиот тим успеа да го истроши целото време и на крајот ја одбрани титулата.

- Оглас -

Најнови вести