Аналитичарите сметаат дека Барселона добива повеќе со трампата Артур-Пјаниќ

Барселона и Јувентис денеска ја комплетираа размената на плејмејкерите Артур Мело и Миралем Пјаниќ. Времето ќе покаже кој од овие два гиганти ќе има поголема полза од трампата, но првичните анализи се дека подобро минале Каталонците.

Барса има економски бенефит, ќе добие 12 милиони евра повеќе отколку што плати за Пјаниќ. Ова е добро за Барса, која за време на корона-вирусот трпи големи загуби. Барселона загуби млад креативен играч кој неспорно има знаење и можеше да придонесе за атрактивноста на играта, но доби Босанец кој е искусен и докажан.

Артур сезонава беше стартер на 17 од 28 меча, а Пјаниќ во Јуве на 29 (само двапати беше резерва). Пјаниќ ќе треба да се докаже во соблекувалната, но тоа не би требало да има проблем и изјавите дека е фан на Реал Мадрид и сликањето со Зинедин Зидан ќе му бидат простени.

Несреќа на Пјаниќ е што иако е мајстор за слободни удари, ниту во Јуве, каде што е Роналдо, не беше прва опција за изведување слободни, а и во Барса ќе мора да му ја препушти таа обврска на Меси. Пјаниќ е посестран играч од Артур, но иднината е на страната на Бразилецот. Ако му „легне“ италијанската лига, може да бидат и малку оние 72 милиони за колку што ќе се пресели во Торино.

Артур и во Јуве ќе се соочи со силна конкуренција во средниот ред, таму се Рабио, Матуиди, Ремзи, Бентанкур, Хедира, па нема да му биде лесно да стане стандарден стартер. Тој е подобар дриблер од Пјаниќ.

Двајцата имаат предности и слабости, но навивачите многу очекуваат од нив.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести