8.3 C
Skopje
среда, 7 јануари 2026

Анализа на „Газета“: Елмас е балансерот на Конте

Наполи рутински го победи Лацио, благодарение на маестралната игра на целиот состав, а и Елиф Елмас исто така одигра одлично за што доби пофалби од новинарите на најпознатиот спортски весник во Италија, „Газета дело спорт“.

Денешното издание на „Газета дело Спорт“ известува:

„Има еден клучен играч во тимот на Конте, Елмас. Тој е новиот тактички балансер, оној кој игра во левиот напаѓачки полупростор, но потоа станува човекот кој најмногу се жртвува во одбраната. Тој двапати беше блиску да даде гол со удари со глава (вториот пат ја погоди пречката), и практично го засени Каталди, ефикасно оттргнувајќи го вниманието од средниот ред на тимот на Сари“. 

- Оглас -

Најнови вести