Анчелоти: Ако бев тренер на ПСЖ, ќе скокнев од мост

Поранешниот тренер на Пари Сен Жермен, италијанскиот стручњак Карло Анчелоти, кој сега седи на клупата на Наполи, вели дека е шокиран од испаѓањето на „светците“ од Лигата на шампионите. ПСЖ стана првиот тим во историјата на ЛШ кој не одел понатаму по победа од 2-0 на гости на првиот меч од елиминацискиот двобој.

Анчелоти тврди дека ако тој бил тренер на ПСЖ и испаднел на ваков начин, би се фрлил од мост.

„Неверојатно е тоа што му се случи на ПСЖ, неверојатно. Ако бев тренер на ПСЖ, не знам што ќе направев. Веројатно ќе отидев до најблискиот мост и ќе скокнев“, изјави Анчелоти по победата на Наполи над Ред Бул Салцбург од 3-0 во осминафиналето на Лигата на Европа.

Анчелоти немаше премногу успеси додека беше тренер на ПСЖ, но тогаш немаше самоубиствени нагони.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести